|
| |
| |
Работнички или Ливерпул!!! |
|

|
Утре од 20:45 на Градски во Скопје играат македонскиот Работнички и англискиот Ливерпул. Ќе биде тоа натпревар на годината во цела спортска Македонија. Веќе неколку дена се загрева атмосферата, за денес веќе да стигне до фаза на кулминација. Не знам само како ќе биде утре.
Ливерпул и не е толку добра екипа, освен тоа што се држи на стара слава. Тимот дури и ќе се распадне, иако се збори за неговото враќање на победничките патеки. Слушнав дека Торес веќе потпишал за Манчестер Сити, не знам дали е тоа вистина али ако е тоа така, кажете ми со кои играчи ќе настапува во првенството и во куповите, со Џо Кол?
Стадионот ќе крца, све е распродадено. Ќе биде тоа натпревар за сеќавање, барем за навивачите и играчите на Работнички. За Ливерпул и не верувам баш:))
Она што посебно ме иритира се нашите овде. Не играчите туку навивачите. Го посетив официјалниот сајт на Ливерпул и што ќе видам – „Ајде Ливерпул, цела Македонија е со вас“, „Ќе ги поминете лесно, слаби се“, „Ве чекаме за конечно да ви се израдуваме“... не видов ниеден коментар за Работнички. За потсетување, тоа е екипата која најдобро поминува на европската сцена и ни го обелува образот таму. Секоја година, секој натпревар.
Јас сум фан за Арсенал повеќе од било кој друг навивач. А сепак ако дојдат тука да играат против наш клуб ќе ги пцујам и плукам, ќе ми биде тешко али барем на тој натпревар ќе бидам за моите. Срамота е да навивате против својот народ, против своите сограѓани, против своето знаме. Не ми зборувајте за космополитизам и такви ствари, тие теории изумреа пред десетина години.
Утре ќе идам на стадион. Ќе навивам за Работнички и ќе бидам горд на тоа. Се што ми треба е добра игра од нив, па макар и да изгубат. Верувам во нив! Се надевам дека и цел стадион утре ќе верува во нив и ќе ги бодри до последна минута.
|
Алек |
| |
|