|
| |
| |
Концерт на Легијата утре во Охрид |
|

|
Како што сите знаете (ок, скоро сите) утревечер (вторник, 27 јули) скопската рап формација Легија во клуб Плажа Кадмо ќе го одржи можеби најголемиот концерт во своето постоење. Иако се збореше дека концертот ќе се одржи на Античкиот Театар, сепак поради технички проблеми истиот е прелоциран. Тоа воопшто не е причина да се откаже своето учество како дел од публиката.
Настанот ќе го отворат дел од членовите на ХипХоплетика – Деки о2, Страчка и Нож, додека специјални гости ќе бидат САФ. Според нашите информации, Легијата настапува со целата екипа.
Концертот започнува во 23:30, а картите на врата чинат 250 денари. Влезници по цена од 150 денари можете да најдете на плажата Кадмо и во кафе-барот Кадмо. Бујрум!
|
|
| |
|