English  
 
 
 
АНКЕТА
Дали Македонија е место каде што може да се практикува оригинална хип хоп култура?
Да
Не
Делумно
 
 
ЦИТАТ
"Чудно е во колку проблеми можеш да навлезеш кога немаш ништо друго да правиш"

- Quincy Jones -
 
 
DOWNLOAD - секција

 
 
САМО ДА СЕ ЗНАЕ
 



Бараме вистина. Бараме сонувачи. Бараме луѓе што нема да се откажат. Бараме борци. Бараме уникатни идеи (колку што тоа е возможно). Бараме креативци. Бараме приврзаници на оваа култура со страст и љубов. Бараме луѓе што нема да се курчат, туку тивко и ефективно ќе си ја вршат работата. Бараме луѓе на кои дури и еден збор им значи, на кои критиката нема да им ги затвори вратите, на кои пофалбата нема да им ги дигне акциите. Не бараме дволични, но ни еднолични. Бараме свесност, совесност, сила, акција. Не бараме само вештина во зборот, туку и во мислата. Не бараме само стурени фармерки, бараме припадност на културата со срце, душа и ум. Не бараме еден куп снимени траки, бараме вистински доказ за квалитет. Не бараме богови, бараме луѓе што го разбираат земското постоење на земски начин. Не бараме пријатели, бараме лојалност.

Само да се знае.

Само да знаете колку сме горди на тоа што го претставуваме. Ние, четворица верни хип хопери. Ние четворица, што сакаме да помогнеме да се изгради иднината на хип хопот во Македонија. Ние четворица, на кои паднале секакви зборови и муабети, работиме без престан, без финансиска поткрепа, без никаков профит, освен душевен. Ние четворица, кои се поддржуваме еден со друг, кои ги претвораме идеите во реалност. Ние четворица кои го живееме сонот. Ние четворица кои сме семејство. Ние: Профо, Алики, B.I.G. Girl и Sleet сме екипата која стои зад Hiphopmacedonia.com, зад хип хоп магазинот, зад хип хоп списанието „4“, зад хип хоп наградите, зад колумните, зад вестите, зад настаните и настапите, зад интервјуата, зад компилациите, зад книгите... И ние не се фалиме со тоа, ние само кажуваме факти.

Се сеќавам на мојата пробна колумна, што требаше да каже дали ќе бидам колумнист на HHM. Се сеќавам многу добро колку дадов од себе за да ја напишам, за да биде совршена, за да каже колку го сакам хип хопот. Се сеќавам колку од мене внесов во неа. И се сеќавам колку бев среќна кога ме известија дека наредната колумна ќе се објави на сајтот. Се сеќавам како ја запознав B.I.G. Girl која ми стана пријателка за цел живот. Се сеќавам како цела екипа се радувавме заедно на секој еден успех, на секое достигнување, на секое одобрено интервју, на секој проект... Се сеќавам и како јадевме торта со нашите имиња на првиот роденден. И како се поддржувавме кога некој од нас беше разочаран од нешто; се сеќавам и како после секоја средба, бевме се поисполнети, поинспирирани, посреќни... Нема екипа како нашата.

Само да се знае.

Не може секој да издржи одговорност и целосно посветување.
Ние не даваме парична компензација за да бидете дел од тимот.
Ние даваме љубов и хип хоп.

Само да се знае.


„САМО ДА СЕ ЗНАЕ“ е најновата колумна на Sleet

 
 
архива
 

КОЛУМНИ
 
Алек
Пораките во хип хопот
 
DJ Boogie Man
Цензурата во хип хоп музиката
 
Sleet
КАКО ПИШУВАЊЕТО МЕ СПАСИ
 
B.I.G. Girl
Посвета