|
| |
| |
Нема да има уште еден албум од BIG L |
|

|
За сите фанови на Big L кои што сакаа да слушнат уште едно добро парче од неговата музика, имаме разочарувачки вести – тоа нема да се случи. Наголемо очекуваниот албум кој требаше да излезе како продолжение на The Big Picture, нема да го има. Сето тоа излегува од устата на неговиот можеби најголем соработник и пријател Lord Finesse, кој ги кажува и причините за ова.
Според него, требало да има албум со неиздадени песни од Big L, во кој ќе влезат и Primo, Jay-Z, Big Daddy Kane и други, меѓутоа се се срушило кога таткото на Big L побарал пари од сето тоа. Имено, рап артистот е одгледан само од неговата мајка, додека татко му го напуштил и не знаел скоро ништо за него. За тоа време Big L си изградил кариера и доволно пари за пристоен живот, иако го немал зашто беше убиен во 1999та. Брат му исто така беше убиен во 2002, наводно откако почнал подлабоко да го истражува убиството на својот брат. По неколку години починала и нивната мајка, па сега сето она наследство кое законски оди кај некој од фамилијата, го побарал таткото. Човекот немал слушнато (според Finesse) за кариерата на својот син, не бил воопшто со него никогаш, излегол со барање да го добие „она што го заслужува“. Значи стварно да ти е гад од вакви луѓе. До толку ли е се за пари, дури и да се има срце да се бара нешто од синот кој што бил оставен сам на себе?
Како и да е, процент од заработката од издавањето на следен материјал законски ќе му припаднат на стариот (таканаречени royalties), иако правата за издавање се кај Lord Finesse при што овој луто се прашува – „како е можно тој човек да не тужи, тој нема слушнато за ниедна песна од Big L. За што не тужиш, што сакаш сега? Како е можно да го напуштиш својот син и после да викаш – еј јас сум горд на својот син? Само кога ја слушам таа изјава ми доаѓа да го задавам...“
Според него, фановите на Big L заслужуваат нов албум од својот херој, меѓутоа нема шанса тоа да се случи зашто стариот не заслужува ниту еден денар од ова „и нема да бидам одговорен за тоа овој тип да биде платен. Едноставно не ми дава срцето“ вели Finesse.
Се согласуваме со тебе пријателе!
|
|
| |
|