English  
 
 
 
АНКЕТА
Дали Македонија е место каде што може да се практикува оригинална хип хоп култура?
Да
Не
Делумно
 
 
ЦИТАТ
 
 
DOWNLOAD - секција
 
 
 

 
 
NAS тврди дека хип хопот не е веќе мртов!
 



Во неодамнешно интервју за Wall Street Journal, Nas изјави дека хип хопот не е веќе мртов. „Тој умре неколку пати, но сега верувам во отчукувањата на неговото срце“.

Хах, чудна изјава од артистот кој пред неколку години го раздрма хип хоп светот со изјавата (и албумот) дека хип хопот е мртов и дека се она за што се бореле неговите креатори не се цени и не се поддржува доволно, дека денес се е за пари и слава. Иако мислам дека оваа сегашна негова изјава е предвремена и дека има уште многу да се работи за ревитализација на светскиот хип хоп, сметам дека полека работите се придвижуваат во позитивна насока. Сите се враќаат на олд-скул рапот (се надевам дека ова не е глумење за да докажат дека сите се real. Уствари, мислам дека дел од овие луѓе и баш затоа се враќаат на андерграундот), а добар дел од нив и биле залажани од издавачките куќи и сега се враќаат на тоа што сакаат да го работат. Во контекст на ова иде и изјавата на Nas дека „има многу нови артисти, но и некои од старите што отсекогаш биле тука, што моментално растураат. Сакам да им дадам поддршка на луѓето, но и самиот себе да си дадам поддршка, сакам да ги притиснам луѓето да одат уште понатаму. Денес живееме во поинаков свет (од порано)“.

Да, она што денес го живееме не е ни малку исто со почетоците на хип хопот, па дури ни со модерното време на хип хопот. Сега црнците имаат свои права (горе-доле), и нивните текстови не можат да бидат толку многу критички настроени кон државната политика, меѓутоа тоа не значи дека не можат да бидат андерграунд, да зборуваат за теми слични на тоа, да зборуваат за проблемите со кои се соочува денешното општество и денешната младина. Всушност, за тоа и постои хип хопот нели? Кај нас овој комерцијален хип хоп тренд е во фаза на кулминација, али за 2-3 години се ќе си дојде на место и во играта ќе останат тие што и отсекогаш биле во неа, а за другите – останува на вас дали ќе ги прифатите кога ќе се обидат да се вратат назад на оваа сцена.

 
 
архива
 

КОЛУМНИ
 
Алек
Пораките во хип хопот
 
DJ Boogie Man
Цензурата во хип хоп музиката
 
Sleet
КАКО ПИШУВАЊЕТО МЕ СПАСИ
 
B.I.G. Girl
Посвета