English  
 
 
 
АНКЕТА
Дали Македонија е место каде што може да се практикува оригинална хип хоп култура?
Да
Не
Делумно
 
 
ЦИТАТ
 
 
DOWNLOAD - секција
 
 
 

 
 
Тајната на уличната уметност
 



Графитите како една уметност имаат мошне долга и моќна историја. Пред се би започнала од самиот почеток на постоење на светот и човековите дејствувања во него. Луѓето уште и во праисторискиот период се обидувале да остават некоја трага за нивното постоење. Првото цртање по пештерите, оставање некаква порака, традицијата се продолжила и во стариот Рим каде што се вбројува и цртањето на слики по ѕидовите.

Но сепак стилот на урбаните графити се раѓа секако во Њујорк во доцните 60ти години, престолнината на оваа уметност беа подземните железници и сиромашните гета.

Зачетокот започнува на овој начин: Taki 183 кој живееше на 183та улица во Washington Heights кој работеше како разнесувач кој патуваше низ градот, и со маркер си го потпишуваше своето име кај што ќе начека, најчесто во подземните железници. Пополека тој стана и една мистериозна непозната фигура. Сепак во 1971 година даде интервју за New York Times за неговите потписи. Децата едноставно беа воодушевени од таквата реализација на неговата слава, па и самите започнаа со тагирањето на нивните имиња. Целта им беше нивните имиња да стојат на што е можно повеќе места и да придобијат што поголема слава.

Со продлабочувањето на оваа идеја, се продлабочија и открија многу работи. Станува збор за една порака што еден цртач на графити може да ја пренесе. Со текот на времето целиот бес, неправда и понижувања од страна на црнците беа прикажани преку оваа уметност. Графитите се неминовни и секаде се гледаат, тоа е отворена слика, отворен прозорец кон реалниот свет во кој живеат црнците.


За некои сегменти околу оваа уметност побарав информација од еден цртач на графити во нашава земја:

“ Нај едноставниот вид на графити се вика ТАГ , брзо се пишува со стилизирани букви и се разликува од другите. Исто така тие служат и како потписи на завршениот графит. На рамни површини се прави со таг маркер а на ѕид најчесто со спреј.
Графитите што се изведуваат брзо на недозволено место се викаат БОМБA.
Black book (црна книга) е збирка на скици и слики на изведени графити на ѕид на еден автор. Таа треба да се чува подалеку од народот и полицијата бидејки може да послужи како доказ и на суд.
Графитите во повеќето земји се забранети и се сметаат како ВАНДАЛИЗАМ. Затоа претежно се цртаат во вечерните часови за поголема безбедност и заштита од полицијата. Цртањето графити бидејќи е забрането е и многу ризично. При секојдневно цртање можеме да се соочиме со полицијата кои ако не фатат освен што ќе го искречиме ѕидот, платиме оштета на сопственикот може и да бидеме задржани кривично гонети.
За ние што ги разбираме графитите цртањето е големо задоволство. При цртање полни сме со адреналин, возбуда, сме исполнети со секоја линија макар и ако згрешиме, а истовремено се восхитуваме на делото кое сме го направиле. “

За жал кај нас како и во многу други земји графитите се забранети.
Но замислете си еден шарен град избоен во милион бои со милион слики, налик ко во цртаните филмови, но сепак се реалност. Можеби и некогаш ќе успееме да дочекаме од нашава влада да ни дозволи ваков луксуз низ градовите, можам да замислам само колку би биле исполнети срцата на сите што цртаат графити, прекрасно, цела позитивна енергија распостранета околу тебе. Зарем не е одлично ? =)




B.I.G. GIRL со помош на Mcd (s.h.p.)

 
 
архива
 

КОЛУМНИ
 
Алек
Пораките во хип хопот
 
DJ Boogie Man
Цензурата во хип хоп музиката
 
Sleet
КАКО ПИШУВАЊЕТО МЕ СПАСИ
 
B.I.G. Girl
Посвета