English  
 
 
 
АНКЕТА
Дали Македонија е место каде што може да се практикува оригинална хип хоп култура?
Да
Не
Делумно
 
 
ЦИТАТ
"Ако мојот мозок може да замисли, и моето срце да верува, тогаш знам дека можам да го остварам тоа"

- Rev. Jesse Jackson -
 
 
DOWNLOAD - секција
 
 
 

 
 
ICE CUBE објаснува зашто не сака да работи со млади артисти/Зашто?
 



Ice Cube на неговиот блог пред една недела ставил вест дека не сака да работи и да соработува со млади рап артисти. Според него „тие не се на моето ниво... Не се ни сеќавам кога за последен пат сум видел некој од тие кловнови или пак сум бил во иста просторија со нив. Не можат сами да си направат име па им треба помош од некој O.G. Одбивам да им гостувам на песните и да им ја дадам таа животна шанса. Кој ги ебе. Не е моја работа да ги правам славни.“

Тоа налути голем дел од новите и млади рап артисти кои доаѓаат од West Coast, а кои за себе зборат дека се дел од новиот бран наречен „New West“. Според нив, не е можно такво нешто да кажала некоја олд-скул легенда. Меѓутоа, зашто Cube не спомнал имиња, никој од нив не се осеќал лично навреден за да му врати.

Мислам дека ваков став не е фер кон младите на кои им треба помош за нивна промоција. Ако Ice Cube почнал сам – тоа е за почит. Али типот почнал кога во маало имало двајца рапери од кои еден успеал. Денес ги има безброј и дури и талентот не е доволен да се успее и да се излезе на површина. Знам како е да те гледаат како уште една од многуте рап групи кои за брзо време ќе пропаднат и ќе почнат да идат на турбофолк журки. Затоа и го направивме сајтот, затоа и постои Хип Хоп Магазин. Се што правиме овде е промоции на ваши журки, албуми, спотови. Не заработуваме ништо од тоа, доволна награда ни е кога некој ќе ни каже „фала“. Дури не го бараме ни тоа.

Сепак, има еден дел од текстот на Cube во кој е во право. Во продолжение вика „зашто не продуцирам повеќе за млади артисти? Зашто ќе се изгорам. Ми се здосади од бебиситерство на возрасни луѓе, ми се здосади од тоа да ги водам низ индустријата. Се осеќам како Др. Франкенштајн кој создава чудовишта кои не можат да бидат контролирани. Како? Ако НЕ УСПЕАТ во рапот, ќе те обвинат тебе. Ако УСПЕАТ, ќе ти го свртат грбот за секунда. Ми се здосади од такви неблагодарни ствари.“

Да, овде веќе го сфаќам и нема повеќе да го коментирам. Али нема везе, повеќето од нив (зборам за Македонија) се ОК и го живеат хип хопот како што треба. Доколу ви треба помош за вашето дело да биде видено и слушнато, слободно пишете ни. Поздрав!

Алек

 
 
архива
 

КОЛУМНИ
 
Алек
Пораките во хип хопот
 
DJ Boogie Man
Цензурата во хип хоп музиката
 
Sleet
КАКО ПИШУВАЊЕТО МЕ СПАСИ
 
B.I.G. Girl
Посвета