Хип Хоп Македонија - Hip Hop Macedonia

FacebookYouTube

Хип Хоп Македонија е првата македонска организација која се залага за афирмација, унапредување и заштита на хип хоп културата, преку предавања, концерти, книги, филм, музика, списание и промовирање на хип хоп културата во високообразовни инститиции и културни центри. 

Организацијата е формирана во 1999 година во Скопје, како резултат на зголемената потреба за поединечен интелектуален развој на македонските хип хопери и дејствува во рамките на здружението Урбан Институт-Скопје.

Дејствувањето на ХХМ, првенствено е поради поради потребата за вистинска еманципација на лицата кои се дел од македонската хип хоп сцена, но и општо, од македонската култура, а кои изворите ги добиваа делумно од најразлични извори. Хип Хоп Македонија се залага за надминување на негативниот став кон хип хопот преку различни активности, промовирајќи ги позитивните вредности коишто оваа култура ги прокламира: учење, знаење, самодисциплина, критички однос кон општествените појави.

Во досегашното дејствување, како членови на организацијата се јавиле повеќе македонски хип хоп активисти, кои со својата дејност значително придонеле за заживување, одржување и промовирање на македонската хип хоп култура како во земјата, така и во странство.