English  
 
 
 
АНКЕТА
Дали Македонија е место каде што може да се практикува оригинална хип хоп култура?
Да
Не
Делумно
 
 
ЦИТАТ
"Ако мојот мозок може да замисли, и моето срце да верува, тогаш знам дека можам да го остварам тоа"

- Rev. Jesse Jackson -
 
 
DOWNLOAD - секција
 
 
 

 
 
Љубовта и надежта се нашата добивка
 



© Сите права се задржани



Љубов е кога нешто се посакува нешто целосно такво какво што е, кога ке ги прифатиш маните и доблестите на некому. Има разни видови љубов секако.
Мојата љубов е една и единствена насочена спрема една култура, култура која направи од мене многу, но и која за неа направив многу. За мене од оваа љубов посовршена не постои, оваа љубов е неизмерна и е благодарна, е вечна и чиста. Љубовта спрема хип хоп културата ми е незаменлива, ја прифатив со цело мое срце и битие. Ја применувам и ширам насекаде. Ме прави среќна и исполнета секој дел од секунда од минута, час, година итн. Верувам во нејзината верност, дека и мене ми е исто толку верна ко јас на неа. Во ниеден миг не се посомневав во нејзината возвратена љубов и топлина што ми ја има пружено. Се заљубив во неа кога бев мало и беспомошно суштество трагајќи по ронка разбрање, љубов и внимание.


Надежта е нешто што ве влече кроз животот, нешто за кое сте сигурни и мора да сте сигурни дека ке го остварите замисленото. Надежта тука игра улога на помошник, само ви помага да дојдете до целта без откажување.
Е сега мојата надеж за оваа култура се состои од следново...
Како што кажав погоре, дадов се од себе за оваа култура и уште ќе давам затоа што се чуствувам ко бунар без дно. Не ми е мака за давањето, нема ни да ми биде, секој миг од моето скапоцено време да го посветам на оваа култура. Мојата надеж е во ова :

• Се надевам дека давам барем една ронка љубов со овие текстови.
• Се надевам дека Ви ја доловувам културата на еден посебен начин.
• Се надевам дека мојата љубов ви ја посејувам и вам.
• Се надевам дека од посеаното ке се роди еден мал никулец во вашето срце, да ја засакате оваа култура многу повеќе.
• Се надевам дека ве имам поттикнато за многу работи околу оваа култура.
• Се надевам дека и вие ќе се борите, ко што и јас и сите ние во Хип Хоп Македонија се бориме за нашата љубов.
• Се надевам дека моите мисли ви го менуваат погледот кон хип хоп културата на подобро.


Ова не значи дека тука ќе запрам, ова значи дека уште повеќе ќе бидам поактивирана за вас за да ви ја пренесам оваа љубов која јас ја чувствувам. Ова значи дека ќе бидеме уште поблиски со вас, и уште повеќе ќе ве бодриме за вашите успеси во оваа култура доколку навистина ја посакувате.

Добивка е кога од некоја активност на крај не очекува резултатот, јас не посакувам да ми се врати ни со почит, ни со пари ни со слава (сепак hiphopmacedonia сме ние). Мене, а верувам и моите драги колеги, повеќе ќе не исполни кога утре и вие ќе станете на нозе и започнете нешто да работите за нашата култура, да се борите за неа на вистинскиот начин. Кога ќе ве слушнеме како зрело размислувате за оваа култура, како имате научено и присвоено многу работи, како сами знаете да се борите, кога ќе знаете дека и ние стоиме зад вас и зад вашите идеи околу подобро утро за хип хопот.
Нашата добивка е таа, зошто нашата цел е тоа да ве посочиме кон суштината на оваа култура за која живееме и твориме сите заедно.


www.myspace.com/biggirlrap


B.I.G. Girl

 
 
архива
 

 

КОЛУМНИ
 
Алек
Пораките во хип хопот
 
DJ Boogie Man
Цензурата во хип хоп музиката
 
Sleet
КАКО ПИШУВАЊЕТО МЕ СПАСИ
 
B.I.G. Girl
Посвета