English  
 
 
 
АНКЕТА
Дали Македонија е место каде што може да се практикува оригинална хип хоп култура?
Да
Не
Делумно
 
 
ЦИТАТ
"Оној кој е доволно храбар за да превземе ризик ќе постигне се во животот"

- Muhammad Ali -
 
 
DOWNLOAD - секција
 
 
 

 
 
LOYALTY IS THE KEY TO IT ALL
 



© Сите права се задржани



Krs One ја рецитира Need I say that C.I.A. be Criminals In Action. Си климам со глава јас опуштено, кога тоа наеднаш сфаќам дека сум во USA, опкружена со Американци кои го живеат „Американскиот сон“. Фамилијарни луѓе, за кои рапот е нечиста, посрана музика. И одеднаш, кога го слушнав токму тој дел за C.I.A. ми текна дека со тоа, кажувам на околината во што верувам и какви луѓе ми се идоли. Тоа беше првиот момент во мојот живот кога почувствував страв да ја слушам оваа музика... И последниот. Во еден момент кој траеше секунди, ми се сврте лош филм што не можете ни да си го замислите. И се вратив во реалноста. Срања се случуваат, цело време. Треба само да знаеш како да реагираш на истите. Имено, еден дечко ме праша следново: „Еј, абе слушнав преска нешто рап пушташе, имаш ли некоја трака од Lil’ Wayne?“ За жал, бев сведок на уште една глупост, што само ми докажа зошто Нас е толку засекиран за рапот. И јас го погледнав типов накриво и му реков отсечно НЕМАМ. Знаете ли што ми одговори тој? „Еееееееееј, како е можно да немаш траки од Lil’ Wayne, толку рап изнапушта преска???????????“ Беше толку изненаден од тој факт што просто се зачудив и се запрашав што е со хип хопот овде? Се повторува истата приказна од минатата година, ништо не се сменило, само вистинскиот рап е се повеќе музика на вистинските луѓе, а тие се се помалку. Не требаше многу време да помине пред да сфатиме какви луѓе се дечкото што ми го постави баналното прашање и неговите другари. И сега? Јас треба да се плашам од тоа како музикава што ја слушам како дојденец во Америка ќе влијае на моите односи со луѓето или да се плашам од човековата глупост? Решив да не се плашам од глупоста, туку да се борам против неа. Истиот дечко, наредната вечер го почна истиот муабет. Ама јас не премолчив, му се спротиставив со факти, со примери и со се она што го знам за да му посочам дека Lil’ Wayne и таквите како него не се рап. На сето тоа, тој ми одговори: „Знаеш, во Америка се разбираме по малце во рап, и ние имаме малце пошироко сфаќање за тоа кој е и што е рап.“ Јас му реков: „Во ред, ама Lil’ Wayne не е рап и нема да биде.“ И тогаш следуваше прашањето што го чекав со нетрпение: „Добро, а што е за тебе рап, ако не е Lil Wayne?“ Се насмевнав најиронично и најцинички што можев и почнав: „Mos Def, Krs One, Wu Tang Clan, Nas, Delinquent Habitz, Immortal Technique, Rakim… тоа е ВИСТИНСКИ РАП.“ Верувајте ми, не можете да ја замислите фацата на типов и оние околу него. Тој на ова ми одговори: „Пффффф, па тоа е се old school.“ И јас повторно му ја дадов истата цинично-иронична насмевка и му реков: „Не душо, тоа не е само old school, тоа е HARDCORE/UNDERGROUND RAP, old school се Sugarhill Gang, Run Dmc, Public Enemy, MC Hammer, Grandmaster Flash, Afrika Bambaataa… Lil Wayne, наспроти овие е само една кутра продадена душа што прави ретардирана поп музика.“ И тука завршив. Тој продолжи да зборува како да знае се на светот ама јас престанав да го слушам. Бев мирна зашто го исеков во корен, зашто се збуни пред лицето на знаењето и на фактите што му ги послужив. Интересно беше што пред да се започне жестокиот муабет, моите другарки го предупредија дека со мене не треба да дискутира на оваа тема ако не е 100% сигурен дека знае што збори, ама ете, изгледа бил сигурен. Откако заврши муабетот, само му рекоа: We told you.

И тоа беше крајот на приказната. Со луѓе што не се на иста бранова должина со вас, не се занимавајте, посебно не ако нивното сфаќање за рапот и хип хопот е извртено и нискоинтелигентно – мој совет. Не сакам да навредувам никого, само се држам на дистанца од такви ликови. Кога можете, нападнете со факти, со познавање на она на кое припаѓате и со достоинство и гордост дека сте она што сте. Луѓе кои низ животот поминуваат со Lil Wayne нема далеку да стигнат интелектуално.

А ние, како хип хопери на едно повисоко интелектуално и духовно ниво, растевме со музика за душа. И тоа нема да се смени, каде и да сме, со кого и да сме и без разлика на луѓето на кои ќе наидеме, се додека останеме верни на своето ЈАС. Една личност во мојот живот ми докажа нешто многу битно: дека силната волја е посилна од се друго на светот, а љубовта кон хип хопот е љубов која ништо на светот не може да ја замени, без оглед на тоа колку пари имаш (поточно НЕМАШ) в џеб и дека верноста што човек ја има кон самиот себе е истата таа која не држи верни до оваа култура.


Со почит, од другата страна на Земјата!

Sleet
http://www.myspace.com/dasleetuvotu



Sleet

 
 
архива
 

 

КОЛУМНИ
 
Алек
Пораките во хип хопот
 
DJ Boogie Man
Цензурата во хип хоп музиката
 
Sleet
КАКО ПИШУВАЊЕТО МЕ СПАСИ
 
B.I.G. Girl
Посвета