|
| |
| |
Цензурата во хип хоп музиката |
|

|
© Сите права се задржани
Потребна ли е цензура во хип хоп музиката?
Тешко прашање. Mожеби може да го најдете во прашањето која е идеологијата (ако постои) на хип хоп културата и рапот како музика.
Дали слободното изразување познава граници, колку демократијата која (ако негде постои тоа е тука) може да биде анархија?
Дали постои лажна искреност во тие стихови понекогаш полни со љубов, омраза, гнев, силни емоции, нешто со кое не би требало да се манипулира верен слушател?
Зошто го поставувам ова како прашање и како се поврзани цензурата и искреноста како поими кои постојат во хип хоп терминологијата?
Како DJ, водител и уредник можам јасно да учествувам и видам во која форма е претставена оваа музика кај нас, и како ја примаат слушателите или обичните граѓани. Хип хопот како култура, музика и традиција треба да се храни и одгледува, без разлика што неговите татковци се црни и без оглед на тоа што претставува жанр кој не се родил на овие простори. Тој носи универзална порака - "Freedom of speech", или слобода на говорот. Низ мелодија да се каже, да се биде гласен, не да се молчи, да се дејствува...
Да немаш влакна на јазикот не значи дека треба да повраќаш... логично. Тука веќе меша прсти и комерцијалниот, јас го нарекувам Клубски Хип Хоп. Тој нема никаква врска со приказната, само забава и шоу бизнис... ако... одлично, јас не го мразам поради тоа. Го почитувам, ми се допаѓа и сум му благодарен...
Тој момент отвори многу врати.
Некој ќе рече ја труе рап музиката... НЕ! Тој што бил "рап" ќе остане рап бидејќи знае зошто го прави тоа... Клубскиот хип хоп е некој тип на поп музика која дозволува да продре во повеќе уши и клубови, намерно или не. А секогаш може да чуете добра рап трака на овие забави. Една, две, пет, не е битно, има... Приказната е во игра. Но... да не избегам од темата! Цензура мора да има, посебно во комерцијалните текстови, и постои, но не кај нас. Радијата и телевизиите вртат траки што од странски што од наши артисти полни со вулгарзими. На запад тоа не е така. Слушнав едно наше познато МС рече: „...така зборам дома, така зборам у маало, така зборам на улица, тоа е рап...“ Да, во право е, но тој што слуша и познава... бара поента, бара приказна и цел - зошто вулгарно си се изразил, за може да разбере...
Со комерцијалава е друго, ја слушаат многу луѓе по инерција... ја забележуваат, а во тие текстови и нема баш логика, а има пцуење и вреѓање... Тоа се продава да, ама цензурирано, од многу причини. Мојата причина е дека дава погрешна слика за музиката и потребата еден рапер да биде вулгарен или искрен, како сакате. А тоа го прави неприфатлив за новите идни потенцијални слушатели кои дефинитвно треба да се создадат ако сакаме да ја негуваме оваа култура...
Па драги мои новопечени раперчиња, ако треба да пишувате глупави текстови за да останете во играта наречена "меинстрим" цензурирајте ги вашите песни пред да ги пласирате, цензурирајте ги барем вугларизмите. И онака се во нашата мила државичка се одвива по инерција и никој нема да ве обврзе или да го направи тоа место вас... а треба.
Така ќе му направите услуга на вистинскиот хип хоп да не остави погрешен впечаток и да не стане одвратен на некој уште и пред да почне да го слуша.
|
DJ Boogie Man |
| |
|