English  
 
 
 
АНКЕТА
Дали Македонија е место каде што може да се практикува оригинална хип хоп култура?
Да
Не
Делумно
 
 
ЦИТАТ
"Ако мојот мозок може да замисли, и моето срце да верува, тогаш знам дека можам да го остварам тоа"

- Rev. Jesse Jackson -
 
 
DOWNLOAD - секција
 
 
 

 
 
Интервју со CADDY ONE (ONLINE менаџер на KRS-ONE): Вие сте хип хоп!!!
 



Caddy One (3:15) е еден од многуте он-лајн помошници на Krs One и Simone Gidget Parker. Ученик е во Храмот На Хип Хопот веќе 6 години. Исто така се занимава со Мсing, битбокс, брејкденс, фотографија, музичка продукција итн. Навистина сестран човек. Тој ги промовира и ги води сите работи поврзани со музикатa на Кrs One и цврсто верува во неговите учења велејќи дека се уште не сретнал човек кој би можел да ги побие филозофиите на Krs One. Вели дека преку Krs One го нашол Бог во Хип Хопот и дека сака да го пренесе зборот на Создателот (во форма на Хип Хоп) до оние кои навистина веруваат дека Хип Хопот има цел и значење во нивните животи и до оние кои се изгубени и се во потрага по цел и разбирање. „Хип Хопот не е религија, јас не барам религија, јас само верувам во Бога и во духовно разбирање“, зборува тој за хип хопот. Првпат се запознал со хип хопот во 1994 и вели дека нема омилен изведувач, но дека едноставно, хип хопот му е омилена уметност. „Јас сум господар на своите учења и филозофии“, раскажува, истовремено додавајќи дека сака да придонесе во светот со своите разновидни вештини и таленти. Сака да поттикне промени и да го преобрази насилството. За себе вели дека е хип хоп и дека секогаш ќе живее соединет со природата и универзумот. Ни порачува: „Останете благословени и среќни, сите вие сте хип хоп“.

НЕГОВИОТ АЛБУМ кој излезе пред неполн месец - UNIVERSAL LANGUAGE, на кој соработува со KRS-One, MC Lyte, Ras Kass и со уште многу други, МОЖЕТЕ БЕСПЛАТНО ДА ГО СИМНЕТЕ од http://caddyone.bandcamp.com/album/universal-language-free-download.











Hiphopmacedonia.com: Тешко дека постои некој кој не знае за Храмот на Хип Хопот, но можеш ли да ни кажеш што претставува Храмот, која е неговата функција, неговиот придонес во хип хопот, неговата цел, и секако, неговата поврзаност со “STOP THE VIOLENCE” движењето (ако воопшто постои поврзаност)?

Caddy One: Храмот на Хип Хопот е всушност организација за заштита и зачувување на културното наследство основана од Krs One во 1996 год. Ние во Храмот веруваме дека е наше право и обврска да ги зачуваме не само историјата на Хип Хопот, туку и самата суштина и техниките кои се употребуваат за создавање и усовршување на елементите на хип хопот. Нашите цели опфаќаат зачувување, не само на хип хопот, но и на вистинските хип хопери. Веруваме дека преку зачувување на ликот/суштината на вистинскиот хип хопер, ние всушност ќе го зачуваме (духот на) самиот Хип Хоп.
Од многуте придонеси за хип хопот ја издвојуваме Хип Хоп Декларацијата за Мир. Оваа Декларација беше претставена пред Обединетите Нации на 16ти мај, 2001 год. и ја потпишаа повеќе организации како: Храмот на Хип Хопот, Ribbons International, УНЕСКО и околу 300 хип хоп активисти, пионери и делегати на ОН.
*Забелешка на Hiphopmacedonia.com – Hip Hop Appreciation Week се одржува токму по овој повод, секоја година.
Како прво, со овој документ Хип Хопот се признава како меѓународна култура на мир и благосостојба. Тоа е исто така збир на принципи кои ги советуваат хип хоперите да го поддржат мирољубивиот карактер на Хип Хоп Културата и да создаваат мир во светот.
Дополнително, Декларацијата служи за да го прикаже Хип Хопот како позитивна појава што нема никаква врска со негативниот приказ на хип хопот што ги расипува младите и ги поттикнува да го кршат законот. Krs One, Pop Master Fabel, Afrika Bambaataa, Ralph MC Daniels и HarryAllen се само некои од луѓето кои кои учествуваа во составувањето на Декларацијата. Ова е, значи еден од начините на кои Храмот се поврзува со “STOP THE VIOLENCE” движењето.
http://www.declaration-of-peace.com/


Hiphopmacedonia.com: Хип хопот е роден и „пораснал“ во САД (Бронкс, Њу Јорк) и потоа се прошири низ целиот свет. Меѓутоа, како што сите знаеме, хип хоп културата (особено рап музиката) стана мејнстрим, буквално секој прави рап, иако ова предизвикува губење на квалитетот и го носи концептот на вистинскиот хардкор хип хоп до (пре)комерцијално ниво. Што мислиш ти за ова?

Caddy One (3:15): Проблемот со мејнстрим рап наспроти независен, свесен хип хоп станува битен само кога се однесува на содржината и ставовите за тоа ШТО ГО ПРАВИ ЕДЕН ИЗВЕДУВАЧ ХИП ХОП. Конфузија настанува кога еден рапер (кој се промовира себеси само преку РАП и ниеден друг елемент) се нарекува себеси хип хоп или пак ја нарекува својата музика хип хоп.
Да, точно е дека хип хопот служи за да се изразиш себеси, но ако си САМО рапер, тогаш не си ХИП ХОП. Од друга страна, само тие што се чувствуваат духовно блиски до суштината на хип хопот (и сите негови елементи) често и не ги привлекува она што го слушаат по радијата и телевизиите, едноставно затоа што не можеме да се пронајдеме во нивните содржини. Повеќе од јасно ни е дека изведувачот само продава скапи, а непотребни производи.
Ова создава поделба на гледиштата на „весели, безгрижни луѓе“ и „длабокоумни, совесни образовани луѓе“, со тоа што и двете страни се хип хоп гледишта. Но, треба да се соединат, не да се поделат. Верувам дека на властите не им оди во прилог музика која би ги поттикнувала луѓето да мислат слободно, а би се емитувала јавно. НО, поради големиот опсег во кој се протега хип хопот, во краен случај, луѓето кои отпрво ги привлекува музиката и неоригиналната содржина на радијата, брзо ќе дојдат во допир со самостојни совесни рапери/хип хопери. Овде завршува поделбата и поединецот одлучува да навлезе подлабоко и да ја истражи хип хоп културата.
На пример, јас лично почнав со слушање радио само затоа што немав друг начин на слушање музика. Со тек на време ја открив поезијата во рапот и се пронајдов во неа што ме поттикна да почнам сериозно да ја проучувам хип хоп културата наспроти генгста-рап културата.
Мејнстрим рап индустријата се занимава исклучиво со материјални или љубовни концепти зашто тоа највеќе се продава. Независните изведувачи ја изразуваат вистината и угнетувањето во нашите општества од страна на високите власти. Ако имаше повеќе совесни рапери на радио, гласот на народот ќе се побунеше против угнетувачите што би довело до паѓање на менталните окови.
Како заклучок, јас не го мразам или дискриминирам комерцијалниот рап. На крајот на краиштата, оние кои се ВИСТИНСКИ хип хоп ќе си одлучат дали ќе живеат ХИП ХОП, а оние кои нема, ќе останат да бидат медиумски роботи. По мое мислење, тие не заслужуваат да бидат хип хоп бидејќи се или преглупави или преслепи и со тоа ја оштетуваат хип хоп културата наместо да ја издигнат. Чист пример: доктори и адвокати повеќе преферираат Хип Хоп Култура отколку улични разбојници и макроа кои преферираат рапери на радио.


Hiphopmacedonia.com: Како ни е Учителот, Krs? Ќе не благослови ли нас, хип хоперите со уште едно ремек-дело во скоро време? :)

Caddy One (3:15): Krs One моментално работи на многу проекти, и на музички и на интелектуален план. Очекувајте нови албуми и нови лекции. Се зборува и дека ќе отвори зграда за Храмот на Хип Хопот наменета за сериозната Хип Хоп публика (можеби во Лос Анѓелес).


Hiphopmacedonia.com: Следново прашање е поврзано со жените во хип хопот. Како се развива ова поле во САД? Дали ти лично, познаваш женски емсија (или хип хоперки) кои поседуваат исклучителни вештини, но се се уште слабо познати на хардкор хип хоп публиката?

Caddy One (3:15): Бројот на женски емсија, и овде и во светот, расте од ден на ден. Како што кажав претходно, поезијата не поврзува со рапот, што пак, не поврзува со духот на самиот Хип Хоп. Поезијата почесто се наоѓа кај жените, како средство за изразување. Знам женски емсија од секаков калибар и секакви стилови. Жените во хип хоп културата се понепоколебливата, но и попосветената сила во хип хопот. Ја величам секоја жена која има храброст да се истакне во култура во која преовладуваат мажи и да ја претставува вистинската суштина на Хип Хопот. Ние, како хип хопери, не познаваме пол или раса и веруваме во ваква рамнотежа, но за жал, светот не верува. Подолу има листа на женски емсија со кои сум во контакт, па слободно слушнете ја нивната музика и достигнувања.


http://www.myspace.com/fawksie
Fawksie one
HTTP://WWW.HIPHOPSISTERS.COM
MC Lyte
http://www.facebook.com/lyteislove?ref=ts#!/profile.php?id=691539355&ref=ts
Nite N Dae
http://www.facebook.com/lyteislove?ref=ts#!/pages/Poetic-S/350166912339?ref=ts
Poetic S
http://www.msparrelli.com/
J Ross Parrelli
http://www.facebook.com/lyteislove?ref=ts#!/eterniamusic?ref=ts
Eternia
http://www.facebook.com/lyteislove?ref=ts#!/profile.php?id=628373667&ref=ts
Medusa
www.mixmichelleq.com
Michelle Cue
www.myspace.com/PARIAB
PARIA B (Spoken Word Femcee)



Hiphopmacedonia.com: Македонските хип хопери се уште немаат можност да ѕирнат во „Евангелието на Хип Хопот“ (Gospel Of Hip Hop) од Krs One, па пред да стигне и кај нас, кажи ни накратко нешто за неговата содржина, како е книгата поврзана со твоите лични искуства и дали мислиш дека ќе има некакво влијание врз верните хип хоп глави, ќе направи ли позитивна промена?

Секоја личност ќе си добие личен впечаток за книгата. За хип хопот, тоа е една Библија и водич, напишан не само од Krs One, туку и од духот на хип хопот и оние што го создале. Не е замена за Библијата, туку е алатка со која треба да си ги наштимате сетилата и да се фокусирате на усовршување на самите себеси со помош на хип хопот. Во историска смисла, документира факти и детали од вистинската историја на хип хопот, потврдени од пионерите што ја создале. Во книгата има поглавја за вистинскиот Хип Хоп, „рефинициите“, божествената изведба, “H.L.A.W” (здравје, живот и благосостојба), предградијата, сезоните, протемнетоста (како спротивна на просветеноста), самопоттик/фристајл, графити, Учителот, Движењето, Хип Хоп активисти, Хип Хоп Декларацијата за Мир, Нашиот БОГ - Создателот, Храмот на хип хопот како и корените на хип хопот. Ќе цитирам една реченица од книгата за да ве поттикнам на размислување:
Шеснаесетта вистина „НАШИОТ БОГ, ВЕЛИКОТО СОБИТИЕ“ ТРЕТ ПАРАГРАФ;
„Навистина хип-хопот не е ничија рожба! Ние сме рожби на Хип-хопот! Хип-хопот е нашиот спасител, а евангелиево е потсетка на таквото наше спасение.“ – Евангелие на хип-хопот.


Hiphopmacedonia.com: А што е со твојот албум? Спремен е? Ќе ни кажеш нешто за тоа или повеќе би сакал да не изненадиш?

Caddy One (3:15): Албумот се вика „Универзален јазик“ (Universal Language) и името го доби по духот на хип хопот и по тоа како тој дух не знае за граници, било за државни или јазични, дури не треба ни да зборуваш за да го почитуваш, сакаш и прифатиш хип хопот. Ќе биде подарок и почит од мене за оние кои го градат нашето општество и секако, за Krs One/Храмот на Хип Хопот за се што ме научија. Ќе може да се најде главно на интернет, за бесплатен даунлоуд и веројатно ќе биде двојно цеде со околу 20 или повеќе траки. Во преговори сум и со MAD LION за гостување на трака, ама што се однесува до МСја што рецитираат на англиски, јас сум единствениот. Имам еден МС од Франција (Virus One) и еден Шпанец (Nuvethad) и барам некој Јапонец да ми рецитира на јапонски. Би требало да биде готов во мај. Таман на време за Hip Hop Appreciation Week што ќе се одржи од 16 до 23 мај, 2010г.
http://www.myspace.com/1universalHiphop


Hiphopmacedonia.com: Кажи ни нешто за работата на Храмот на Хип Хопот? Со какви активности се занимава, кој се може да се зачлени, што е потребно за некој да се зачлени, што треба некој да прави откако ќе стане полноправен член и активист?

Caddy One (3:15): Храмот моментално претрпува внатрешни промени и се зборува дека можно е повторно да го отворат во текот на HHAW за да почне со примање на нови членови и предавања. Бидете во тек. Фактички, ако сте хип хоп и сакате да научите што значи навистина да сте хип хоп, ќе дојдете во Храмот. Ако сакате да научите нешто за елементите на оваа култура, ќе дојдете во Храмот, ако сакате да ја проучите историјата на хип хопот и да ја употребите во практика, ќе дојдете во Храмот. Му посакуваме добредојде на секој кој припаѓа на хип хопот на било кој начин со совет да дојде и да научи и проучи што значи навистина да се постои како општество и култура. Се чуваме себеси и нашите семејства како Хип Хоп култура и ќе бидеме овде засекогаш.
http://www.myspace.com/templeofhiphop


Hiphopmacedonia.com: И за крај на интервјуто, што би им порачал на нашите читатели и приврзаници, имаш ли некоја порака да пренесеш? Планови за концерти на нашиве простори, со Krs One и екипата?

Caddy One (3:15): Сфатете дека Бог го создал Хип Хопот за нас, за да не спаси преку самосоздавање. Не можете да го негирате моќното влијание на хип хопот врз луѓето. Вие сте Хип Хоп и никогаш не престанувајте да сонувате. Никогаш не плашете се да си ги остварите соништата и целите. Никој кој е хип хоп нема никогаш да ви рече дека соништата се невозможни!
Не дозволувајте хип хопот да биде против законот и да биде НЕкултура или СУБкултура. Почитувајте се и сакајте се меѓусебно со мир, љубов и единство. И ете ви.



By Hip Hop Macedonia Crew © All rights reserved

 
 
архива
 

КОЛУМНИ
 
Алек
Пораките во хип хопот
 
DJ Boogie Man
Цензурата во хип хоп музиката
 
Sleet
КАКО ПИШУВАЊЕТО МЕ СПАСИ
 
B.I.G. Girl
Посвета