English  
 
 
 
АНКЕТА
Дали Македонија е место каде што може да се практикува оригинална хип хоп култура?
Да
Не
Делумно
 
 
ЦИТАТ
"Ако мојот мозок може да замисли, и моето срце да верува, тогаш знам дека можам да го остварам тоа"

- Rev. Jesse Jackson -
 
 
DOWNLOAD - секција
 
 
 

 
 
WORLDWIDE: A BOOK OF RHYMES! Интервју со Блоковски: Не дозволувајте да ве менуваат!
 



Како што веќе знаете, при крајот сме со реализацијата на проектот наречен Worldwide: A Book of Rhymes, компилациско CD на кое ќе бидат застапени супер траки од супер артисти од целиот свет. Во рамките на ова дело ќе ви ги презентираме рап артистите кои се застапени со свои траки во истото. Со дел од нив веќе имаме направено интервју, додека со останатите интервјуата ќе ви ги презентираме во наредниот период. Бидејќи станува збор за едно издание кое се задржува на вистинскиот рап звук, денес започнуваме со презентација на истото. Како прво следува интервјуто со балкански рап артист - Блоковски, човекот кој во последно време е најзастапен на српската андерграунд рап сцена. Проследете ги неговите ставови и размислувања за хип хопот, фудбалот и животот.








hiphopmacedonia.com: Како започна со хип хопот?

Блоковски: Многу рано. Кога ќе си го вратам филмот, тој хип хоп некако секогаш беше тука, не знам како започна. Започнав да правам рап и да пишувам текстови во основно, тоа беше 1996та. Тогаш правевме некои групи, се собиравме и рапувавме кај мене во стан – на еден касетофон ќе ја пуштиш матрицата, а на другиот ќе ја снимаш и матрицата и рапот. Тоа траеше кратко, подоцна само понекогаш пискав на микрофонот, а дури во 2003та се решив да снимам и да го претставам мојот труд и надвор од луѓето од мојот тогашен свет.


hiphopmacedonia.com: Каква е хип хоп сцената во Србија, кои се најквалитетните андерграунд рап артисти таму?

Блоковски: Колку што слушам од страна, Србија моментално има најшаренолика и најквалитетна сцена на овие екс-ју простори. Но ми се чини дека сме и најмрзливи во регионот. Така да кој и да посака да слушне свежа и квалитетна српска рап музика мора да го ископа патот до мрачните длабочини, таму некаде далеку под фејсбук раперите. А имиња колку сакаш, зависи што сакаш да слушаш.


hiphopmacedonia.com: Си имал ли настап во Македонија? Колку знаеш за макрап сцената?

Блоковски: Досега не сум имал прилика да настапувам во Македонија. Сум соработувал со Стиховен Калибар и Да Џака Накот, ја снимавме песната „Пробај, замисли“ која излезе и на мојот албум (Oblici od oblaka deo 1) и на оној на Стиховен (In medias res). Искрено вашата сцена ја немам пратено многу, уште од времето кога САФ ги гореа микрофоните, а тоа беше одамна. Понекогаш слушам понекоја трака, али тоа ми е доста непознато.


hiphopmacedonia.com: Што мислиш за светската хип хоп сцена?

Блоковски: Поголемиот дел од популарниот рап воопшто не ми се свиѓа, не можам ни да го слушам ниту пак ми е интересно. Но тие барем прават пари од тоа и можам да ги разберам, мене овие локални плагијати не ми се јасни. Најмногу ги слушам екипите собрани околу Rhymesayers етикетата, ми се свиѓа и звукот кој го прават, и целата приказна која ја развиваат со години. Од помалите издавачки куќи излегува интересен, добар рап. Потоа ги листам сајтовите, блоговите, па симињам нешто ново. Има доста добар рап, само треба малку да се побара.


hiphopmacedonia.com: Се дружиш ли со Архитекти и останатите со кои го започна ова? Колку е пријателството битно во ова и го има ли воопшто?

Блоковски: Архитектите се основачи на етикетата Царски Рез, во групата сме Kuer, Mauzer и јас. Се разбира се дружиме, само не сме до толку активни како Архитекти, понекогаш снимаме некоја песна. Повеќе се фрливме на соло проекти, баш сега Маузер и јас паралелно работиме на соло албуми, додека Куер е соработник во однос на битовите и продукциите. Се шириме со години и сеуште сме сите во одлични односи, тоа пријателство е една од основите на кои се држи целата приказна. Да имаше пари досега сигурно сто пати ќе се испокаравме. Се шалам. Супер ни оди, најактивни сме на сцената што се однесува до учеството со нови изданија, ја направивме сржта на студиото, со две истурени одделенија кај Куер и Скуби кои се и главните продуценти, моментално сме 17 члена во играта. Во последните месеци сме доста концертно активни, даваме бесплатна музика итн., посетете го www.carskirez.com, запознајте се со резачите, и послужете се слободно.


hiphopmacedonia.com: Како настана имаето Спирит Блоковски?

Блоковски: На првиот албум се претставив под името Кајбло Спирит, што по некоја логика и преведено на сленг, би имало значење – духот на блокот. Понатаму играта со зборови го создаде Блоковски. Тоа не е поврзано со Македонија.


hiphopmacedonia.com: Колку денес хип хопот е перење пари, а колку култура?

Блоковски: На тоа горе-доле одговорив во четвртото прашање. Еден дел навистина е бизнис машинерија која создава милиони, но тука е и културата која не е медиумски претставена, затоа што е – култура. Два различни светови. Избери го својот.


hiphopmacedonia.com: До каде ќе стигне Србија на Светското во фудбал?

Блоковски: Да го знаев одговорот на ова прашање сега би седел во кладилница, а по два месеца и на некој остров. Ќе видиме, имаме квалитет да стигнеме далеку, но можеме да испаднеме и во првиот круг. Радомир Антиќ направи едно големо чудо, не само од иргачите туку и од сите кои го следат фудбалот во Србија, ќе видиме до кога ќе трае тоа. Првиот натпревар е најважен, како ќе го отвориме, така и ќе ни биде. На неколку позиции клупата ни е тенка, а гледано наназад не сме победила некоја голема репрезентација минимум пет години, така да многу ќе зависи и од среќата. И повредите. Ќе видиме, ме погоди во некоја жичка, ќе почнам да ти зборувам повеќе за фубалот отколку за рапот.


hiphopmacedonia.com: Твој омилен рап артист?

Блоковски: Eyedea. Комплетен МС, има фантастична техника и одличен фристајл, а темите и пристапот во текстовите е онаков каков што сакам да слушам. Малку се зезна со последниов албум, али и понатаму ми е омилен. Тука се уште и Slug (Atmosphere), Sage Francis, групата Sandpeople, а од ветераните Everlast, пораснав со House of Pain, Nas исто така ми беше омилен едно време. Тоа зависи, не сум преголем фан на ниеден бенд/МС, па да ги знам сите албуми и песни. Повеќе попатно слушам разни ствари. D-Sisive исто така е цар, посебно за ова тмурно и мрачно време.


hiphopmacedonia.com: Слушаш ли некоја друга музика освен рап?

Блоковски: Слушам и тоа многу. Не сум ни класичен рап лик, пораснав во друштво во кое се слушаше скоро се и така е до денес. Сакам да ги пуштам Партибрејкерси, колку сум постар толку повеќе ми се свиѓаат. Исто така добар трип хоп, едвај го чекам концертот на Massive Attack во Белград оваа година. Кога ќе се запијам со екипата кои се на истиот трип, Тома Здравковиќ е неизбежен избор. Не би ми верувале кога би почнал да набројувам се. Зависи каде сум, со кого и каков сум.


hiphopmacedonia.com: На што работиш моментално?

Блоковски: Моментално албумот ми е завршна фаза. Односно, завршна фаза во музичка смисла, после има милион ствари кои треба да се средат додека не излезе во продажба. Напоредно со главниот албум ќе излезе и спореден кој ќе го делиме бесплатно. Концептот е тоа да бидат два одвоени албуми, а не двоен диск. Има уште неколку пропратни идеи на кои работам, али можеби ќе пропаднат па да не зборам однапред залудно.


hiphopmacedonia.com: Нешто за нашата публика во Македонија?

Блоковски: Не дозволувајте да ве менуваат, се надевам ќе се видиме наскоро.


hiphopmacedonia.com: Поздрав!

Блоковски: Се најдобро!


By Hip Hop Macedonia Crew!

 
 
архива
 

КОЛУМНИ
 
Алек
Пораките во хип хопот
 
DJ Boogie Man
Цензурата во хип хоп музиката
 
Sleet
КАКО ПИШУВАЊЕТО МЕ СПАСИ
 
B.I.G. Girl
Посвета